Најновиот трач кој ги наполни страните на странските магазини, вели дека Brad Pitt и Angelina Jolie имаат големи проблеми поврзани со потрагата за нова дадилка за нивните деца.
Извор близок на парот изјавил дека Angelina му е страшно лута на својот сопруг бидејќи тој без нејзино знаење и правел интервју на една од кандидатките за дадилка, додека таа била во Камбоџа. Проблемот лежи во тоа што девојката која се сретнала со Brad имала страшна сличност со неговата поранешна девојка Jeniffer Aniston. Откако за ова дознала Angelina се чувствувала понижено, изјавил изворот.