Брак како мрак :)?! или како мед?! :)

20 август, 20110
brak-mrak

Додека смртта не не раздели, можеби би требало да се преформулира во “Додека љубовта не не раздели”, од причина што е токсична. Љубовта може да поттикне развивање на многубројни болести кај партнерот кој е несреќен поради односот на сопругот/сопругата.

Болен сум заради тебе
Луѓето одлучуваат заедно за најважното. Ако партнерот делува лошо на вас, ќе се разболите.

Меѓусебно веселење
Убавината на заедничкиот живот е да имате истомисленик, заради тоа што добрите емоции го чуваат здравјето.

Заеднички живот или “хедонистичко” опивање
Кога луѓето ќе се венчаат, нивните навики со тек на времето стануваат слични. Истражувачите тврдат дека брачните партнери моќно си делуваат меѓу себе кај навиките за исхрана, вежбање, посета на лекар, уживање во алкохол, цигари и други штетни навики.

Обострано развивање на исти симптоми на болести
Паровите дури можат да си развијат исти типови на болести, односно состојбата на едниот партнер ги зголемува шансите кај другиот партнер да ги добие истите симптоми. Тоа се покажало точно кај ракот, срцевиот удар, артритис, хипертензија, астма и депресија.

Нервозата кај жените го уништува срцето и крвотокот кај мажите
Мажите чии жени многу ги вознемируваат заради работата, се со поголеми шанси да добијат срцеви заболувања. Бракот кај некои е мрак, а кај други е мед и живеат подолго од оние кои се сами. Како што има моќ бракот да лечи, толку има моќ да уништува. Потребна е поголема нежност во искажувањето на емоциите. Проблемите со здравјето настануваат кога нежноста изостанува.

Кога сте двајца, до 8 пати е полесно да ги оставите цигарите
Постојат бројни партнери, кај кои позитивните животни навики меѓусебно делуваат. Ако партнерот престане да пуши, постојат шанси другиот да престане со 8 пати поголеми шанси. Ако еден се откаже од алкохолот, шансите кај другиот се зголемуваат за 5 пати.

Навиките се “лепат” на партнерот, само без присилба
Најсреќни се врските каде не се користат уцени од типот на – “Ако ме сакаш, ќе го направиш тоа. Здравите навики на партнерот можат позитивно да делуват на другиот партнер. Присилбата никогаш не пали.

Ручекот може да стане причина за кавга
Истражувањето кај еден пар што се 10 години заедно, покажа дека проблемите започнале кога едниот партнер започнал строга диета. Тој начин на исхрана го иритира другиот партнер и се чувствува одвоен.

Сличните карактери се отворени за нови работи
Позитивните промени помеѓу брачните партнери се случуваат обично кога двете страни се отворени за нови работи. Таквите парови често уживаат во активностите кои и двајцата исто ги сакаат. Кај паровите кои се помалку слични, промените се развиваат значително потешко.

Со партнерот полесно се симнуваат вишокот килограми
Вербалната грубост, притисокот и стресот што го пренесува едниот партнер на другиот, резултира со незадоволство. Ако партнерот се здебели, немојте тоа навредливо да му го кажувате, туку излезете заедно на прошетка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit