Брамерц: Мора да се открие кој ги криел хашките осуденици

2 август, 20110
Ratko Mladic

Побаравме од српските власти да извршат истрага и да се пронајдат сите одговорни кои биле вмешани во криење на хашките осуденици како Младиќ, Караџиќ и Хаџиќ, додека тие биле во бегство. Ние веруваме дека постојат сериозни одговори за тоа како можел Младиќ да се крие цели 16 години. Ние имавме информации за тоа каде да се скрие се до 2006 година, но по 2006 па се до денот на неговото апсење немавме никакви информации. Истото важи и за другите осуденици. Затоа, ние ја поздравуваме изјавата дека Србија ќе ги испита и гони сите оние кои биле вмешани во криење на хашките осуденици.
Брамерц исто така, изразил загриженост дека некои луѓе во Србија се уште го негираат злосторството направено во Сребреница. Тој додал дека на Младиќ во Хаг ќе му биде судено за индивидуална одговорност за злосторствата во Босна, и напоменал дека многу е важно “државите од поранешна Југославија да продолжат да работат и по истекот на мандатот на Хашкиот трибунал.”
На нив им останува да ги најдат преостанатите сторители на многубројни воени злосторства во Сребреница, кои тогаш биле на пониски командни позиции, а денес се се уште слободни, изјавил Брамерц.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *