Бран бездомници низ цела Грција!!! Ќе се вразумат ли конечно нашите “соседи”?

5 август, 20110
greek

Весникот Гардијан пишува дека во Грција расте бројот на бездомници. Националните кујни во главниот град правеле големи напори за да можат да ги задоволат потребите на нивните корисници, стапката на самоубиства е во голем пораст, а расте и бројот на Грци кои бараат психијатриска помош. “Младите двојки не можат да си дозволат свадбена церемонија, додека Грција се соочува со ниска стапка на наталитет, додека оние кои имаат деца се потешко врзуваат крај со крај, и се плашат дали ќе имаат пари за своето образование”, вели лондонскиот весник.
Финансиската криза ги принудила многу Грци, сами да одгледуваат овошје и зеленчук. Поради недостиг на работни места и големата сиромаштија, младите Грци себеси се нарекуваат “изгубена генерација”. Се проценува дека околу 40 отсто од младите се невработени, а тие среќните кои имаат работа велат дека поради ниските приходи не можат да ја планираат сегашноста, а камо ли иднината.

Грчките економисти предупредуваат на опасноста наречена “одлив на мозоци”, што би значело дека државата поради масовната миграција на младите во странство би можела да ја изгуби интелектуалната елита.

Сепак, постојат оние кои тврдат дека туризмот е моќен адут на Грција и ја нагласуваат важноста на промовирањето на културните вредности на земјата. Со таков чекор земјата би се извлекла од лошата ситуација во која се наоѓа сега.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *