Околу три часот наутро во ноќниот клуб Петар Пан во Макарска полицијата влегла и ја уапсила српската пејачка Сека Алексиќ и пратечкиот бенд, кои се државјани на Србија, бидејќи немале работна дозвола.
Српската турбо фолк пејачка Сека полицијата ја привела по концертот во клубот Петар Пан, поради како што велат властите немањето работна дозвола. Полицијата стигнала во клубот во три часот наутро, утврдила дека бендот и пејачката се српски државјани и дека немаат работна дозвола да настапуваат во Хрватска. Сега за нив следи прекршочна пријава. Полицијата ја потврдила информацијата, но не сакале да изнесуваат никакви детали.