Токму во таа куќа каде што на 23-ти јули е пронајдена Ејми Вајнхаус мртва, нејзините родители ќе им пружаат помош на сите млади луѓе кои имаат проблеми и сакаат да се одвикнат од зависности кои им се закануваат со смрт.
Во нејзиниот дом во Лондон, отсега ќе се собираат оние кои сакаат да се откажат од дрогата. Оваа идеа ја добиле родителите на Ејми.
Инаку финалните резултати за смртта на Ејми ќе бидат објавени на 14-ти септември, кога пејачката требаше да го прослави својот 28-ми роденден.