Бразилските одбојкарки доживеаа несреќа

popara13 април, 20111min00
brazilski odbojkarki

Патувајќи кон полуфиналниот натпревар, бразилските одбојкарки од клубот Volei Futuro доживеале сообраќајна несреќа. Автобусот со кој тие патувале се превртел, на само 500 метри од местото каде требале да пристигнат. Сеуште не е познато од кои причини дошло до несреќата. Но, се претпоставува дека силниот дожд имал влијание бидејќи видливоста била значително намалена.

По несреќата една од одбојкарките, американката Стејси Сикора се онесвестила од преголем шок. Среќа останатите одбојкарки поминале без сериозни повреди.

Од оваа вест се шокирале и одбојкарките од Osasco со кои требало да се одигра полуфиналниот натпревар. Заради несреќата терминот на натпреварот е одложен и останува одбојкарскиот сојуз да го одреди новиот термин на одигрување на полуфиналниот натпревар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma