Британецот поради кој започнале немирите во Лондон бил убиен со еден куршум

9 август, 20110
mark-dagan-498

Британецот Марк Дуган (29), кој во четвртокот бил убиен од страна на полицијата во северниот дел на Лондон, починал од прострелна рана во градите, било изјавено на воведното излагање во врска со отворањето на истрагата во врска со овој случај.
Дуган бил убиен во Тотенхем при обид за негово апсење, кога полицијата го сопрела таксито во кое тој се наоѓал. Протестите за неговата смрт, во овој дел на Лондон ескалирале во немири и насилството, проследени со грабежи, кои полека се ширеле и другите делови на Лондон, Бристол и Бирмингем.
Истрагата, во која треба да се утврди како умрел Дуган, била отворена денес, а за време на кусата расправа било кажано дека Дуган кој е татко на четири деца, бил убиен со еден куршум во градите.
Според извештаите во медиумите полицајците не биле загрозени кога отвориле оган кон Дуган, за кого полициски извори тврдат дека е нарко-дилер и криминалец, додека членовите на неговото семејство тоа го негираат, велејќи дека тој е добар татко и почитуван член на заедницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi