Бритни пеј…или нема мобилен! :)

13 август, 20110
britney-spears-101

После сите скандали, падови и обиди да ја разжари прерано згаснатата кариера, Бритни Спирс дефинитивно се враќа на музичката сцена!

Долгонајавуваниот “камбек” на Бритни започна со нејзиното учество во најавната шпица за МТВ музичките награди која премиерно ќе се емитува на 28 август. Во спотот, Спирс изгледа затегнато и секси, а од нејзиниот тим тврдат дека до овие резултати стигнала по повеќемесечно напорно вежбање и тренирање.

Со појавата во овој спот, Бритни со сигурност ќе направи бум со своето враќање, а  уште поинтересен е фактот што во шпицата се појавуваат секвенци со Мајкл Џексон, Џенет Џексон и Мадона.

И овој пат Бритни покажува дека знае да се нашали на своја сметка, и без разлика што се работи за фамозните МТВ, таа дозволува на крајот од спотот да се позафркаваме со текот на нејзината кариера, пренесува Блиц.

Овој спот е само еден од зародишните чекори на Бритни. Веќе од на есен ѝ започнува европската турнеја на која гостин ќе биде тинејџерската ѕвезда Џо Џонас.

“Гледам како соништата ми стануваат реалност! Бритни е прва ѕвезда чии постери ги лепев по ѕидовите, а моето прво купено ЦД е нејзино. Смешно е кога ќе се сетам дека ја лепев по ѕидови, а сега ќе настапуваме заедно,” вели 21-годишниот Џо.

Позади кулисите сето ова е  строго контролирано и во рацете на родителите на Бритни. И покрај тоа што таа има триесет години и две деца, нејзиниот татко е целосно надлежен над неа, а пред некој ден и го одзел и мобилниот.

“Бритни е лесна за контролирање”, тврди извор близок со нејзиното семејство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi