Кога ќе ја поканите Бритни на забава, очекувајте дека најверојатно нема да се појави, но немој да се изненадите доколку оваа фина и воспитана девојка ви испрати едно вакво видео со поздрави и честитки.
Ascension Party ја поканиле Бритни на нивната годишна забава на плажа на Fire Island во Њујорк, но бидејќи таа не успеала да дојде, им испратила видео во кое ги поздравува сите, а посебно геј момците низ светот. Нив, по се изгледа, најмногу ги сака.
Бритни неможела да присуствува на забавата бидејќи во моментот се наоѓа на турнеја за промоција на нејзиниот албум Femme Fatale, со која таа направи камбек на музичката сцена.