Жените се „убиваат“ од „оговарање“, трошат дури по 5 часа на ден на оваа активност :)

17 август, 20110
ozboruvanje-zeni

Жените поминуваат дури по пет часа на ден во трачарење и озборување, дали за работата, пријателите, покажало едно неодамнешно истражување.

Меѓу 10 омилени теми за разговор и оговарање се туѓите проблеми, љубовните врски, децата, патување, обврските низ домот, секс, шопинг, здравствени проблеми и тв сапуници.

Истражувањето кое било објавено во британскиот Дејли мејл, покажало дека жените во просек разговараат 24 минути дневно за вишокот килограми или брoјот на облека.

„Жените се познати по нивната способност да комуницираат, а мажите се фасцинирани од нивните теми на дискусија“, изјавил Стив Бартон, претседател на компанијата која ja спровела оваа анкета.

Поголемиот дел од  испитаниците изјавиле дека највеќе сакаат да разговараат со пријателките, додека со мајките, партнерот, колегите зборуваат за сосема различни теми.

На мажите дома ќе им раскажат како го поминале работниот ден, а најпикантните трачеви ќе ги сочуваат за својата најдобра другарка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *