Буфон: И во новиот албум, мојата слика е во Јувентус

13 мај, 20110
gianluigi_buffon

Сезона по сезона поминува, желба е на многу клубови, но Буфон останува во Јувентус. По повод 50 години од издавањето на првиот албум со самолепливи сликички на играчите на Јувентус, организирано е гласање за наомилениот играч на торинскиот клуб. Тоа со преку 20 илјади гласови е Џиџи Буфон, за кој тоа е мотив повеќе да остане во клубот. Следниот натпревар ќе го играат против Парма, клуб во кој блескаше во средината на деведесетите. “За жал бевме многу лоши оваа сезона. Имаме уште надеш дека можеме да дојдеме до Лига Европа, но мораме да играме и за респект. Следната сезона повторно ќе бидам на сликичките на Јувентус. Тоа е мојата желба, како и на клубот” изјави Буфон и додаде. “Дали ме бараат Анчелоти и Арсенал? Менаџерот Анчелоти ме форсираше и благодарен сум му за тоа. Имаме добар однос но не е поврзан со фудбалот. Арсенал е добра приказна за медиумите, но поради тоа не се чувствувам непријатно” ги отстрани сомнежите одличниот голман на Јувентус. Среќен е поради новиот стадион и поради јасните идеи на клубот за подобро утре.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi