Грците исплашени за своите пари ги префрлаат во странски банки
13 мај, 20110

Заострувањето на должничката криза во Грција, каде избија жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите заради најавата и присуството на официјални лица од Европската Унија и Меѓународниот монетарен фонд, предизвика паника кај Грците. Тие се плашат за своите заштеди и заради тоа ги подигаат од домашните банки и ги ставаат на сметки во странство.
Според најновите податоци на грчкото министерство за финансии, изминатата година, клиентите на грчките банки изнеле од државата 10 отсто од своите пари, односно 30 милијарди евра. Економистите сметаат дека ваквиот развој на случувањата ќе доведе до колапс на банкарскиот систем на Грција.
Според германскиот весник “Билд“, грчките пари се одливаат пред се’ во германските банки. Во некои германски штедилници дури постои можност консултации со клиентите на грчки јазик.
Извор: Нетпрес