КОЈ МОЖЕ ДА СТАНЕ СЛОБОДЕН ЅИДАР

13 мај, 20111
011

Секој може да постане слободен ѕидар, но не станува секој. Мора да се исполнат неколку услови, но доколку продолжиме со игра на зборови, услови кои секој човек не би можел да ги исполни. Секој може да стане слободен ѕидар доколку е слободен маж на добар глас. Тоа го рекле основачите на Големата Англиска Ложа во 1717 година. “Слободен” во тоа време значело да не си нечиј роб, доушник, должник. Добриот глас морал да се стекне. Зборот “Слободен” денес има друго значење.

Зборот “Слободен” треба да се употреби во смисла “од што“ мажот треба да биде ослободен”. Мажот кој сака да постане слободен ѕидар треба да биде е ослободен од предрасуди и негативна агресија, и да се определи за една заедница, но притоа да не ја изгуби својата личност. Неписмени, мажи неспособни за учење, екстремисти, брутални и тотални егоцентрици никогаш и не ни барале прием во Сојузот. За тоа е потребна одредена слобода на духот, потребно е животно искуство. Мажот кој сака да стане слободен ѕидар, бара истомисленици со кои ќе стапи во пријателски односи и истите ќе ги негува.Тој ќе биде толку “слободен” што ќе може сам да одлучи и да се определи за еден нов живот. Не се одлучува во тоа дали поединец може да биде “повторно роден“, туку дали он може да оствари “нов почеток“ на својот живот.

Основачите на големата Англиска ложа живееле во период околу 1700 година во многу немирно и нестабилно време. Дневните случувања биле исполнети со религиозни расправии, политички несогласувања, ограбувања, убиства, корупција и малтретирања. Големите разлики помеѓу богатите и сиромасите довело до непрестано сомневање. Со тоа и не е чудно зошто вистинските масони во Големата ложа сакале да видат само мажи кои се на добар глас, тие, кои не прифаќаат да дискутираат на теми поврзани со политиката и религијата, теми кои во секоја крчма би иницирале расправии и тепачки. Тие сакале да се ослободат од бескрајни политички дебати и религиски несогласувања. Таквиот став останал задолжителен. Политиката, дневната политика, без разлика дали потекнува од религијата или од државата, тоа не е прифатливо кај масоните. Но не секогаш можеле стрикно да се придржуваат кон тоа, нормално од објективни причини: масоните живеат исто како и сите други граѓани, тие се активни или пасивни членови на црквата, политиката, и тие се граѓани на својата држава, заинтересирани за се што се случува во животот. Но доколку во ложата треба да се разговара во врска со тие теми,  тогаш слободните ѕидари се разликуваат во начинот на однесување за разлика од другите што не се како нив.

На слободните ѕидари разговорот секогаш им е добредојден, дебатите кои водат до агресивно однесување, до судири и непријателство, таквите дебати тие не ги поднесуваат. Ложата служи за хармонизација, меѓусебно почитување, толеранција, хуманизам тоа е целта на секоја ложа. Слободните ѕидари од  17-ти и 18-ти век верувале дека со “изоставување“ на таквите важни области на човечкиот живот како што се религијата и политиката, би добиле едно мирно место за живеење, ослободено од кавги и раздор, но таквата мерка која одговарала на чистиот рационализам, тешко можела да се одржи во наредните векови. Колку ложите се придржувале кон основните правила за слободниот човек на добар глас, забраната за разговори во врска со политиката и религијата во ложите, наметнало создавање различни начини на учење за слободното ѕидарство, а тоа до појава на различна покорност, оние регуларните (кои се придржуваат кон правилата)на Сојузот, и оние кои отстапуваат од правилата, повеќе религиозните ориентирани групации. Со создавањето на повеќе групации, секоја фракција за себе мислела дека нивните обичаи и норми се тие правите и дека тие се меродавни. Но и покрај таквите разгранувањата во масонскиот живот, секогаш останува една “главна струја“ која е најмоќна и највлијателна, таа која го држи братството и љубовта према најблиските и пријателството.

Автор: Александар Гизе

Наскоро продолжуваме…

One comment

  • miki_maus

    23 август, 2011 at 21:26

    Dali nekoj znae konkretno da odgovori.
    Kako se stanuva mason.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi