Организаторите на европската турнеја на Busta Rhymes ја објавија веста дека сите негови концерти закажани за европската турнеја се одложени. Не е кажана причината за одложувањето, ниту пак датите на кои ќе се одржат сите дваесет концерти.
Концертите ќе се одржат, одприлика за еден месец, а точните дати ќе бидат соопштени многу наскоро, изјавил организаторот. Купените карти ќе важат за новите концерти, а сите оние кои веќе купиле а не сакаат да присуствуваат ќе може картите да ги вратат на местото од каде што ги купиле и парите ќе им бидат вратени.