Цеца ни со преговори не може да се спаси од затворската казна

2 април, 20110
12

Разговорите за договор за признавање на вината помеѓу претставникот на обвинителството во Белград и застапникот на српската пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ, обвинета за незаконска продажба на играчи и поседување на оружје, започнале на иницијатива на пејачката, јавува “Блиц“, пренесува Нетпрес.
Разговорите ги иницирала Цеца, како што јавува “Блиц“, чија желба била се’ побрзо да се заврши, па и таа лично се приклучила кон преговорите.
Обвинителството било подготвено за разговор, а обвинителите сметаат дека имаат силни докази против неа. И таа самата била свесна дека веќе никој не може да ја заштити од кривично гонење, јавува “Блиц“.

Обвинителството, како што беше наведено, ќе и предложи на пејачката да биде осудена на кратка затворска казна, но и дека ќе мора да плати голема сума на пари.

Во евентуалната казна затвор ќе бидат пресметани и четирите месеци кои таа веќе ги помина во притвор во 2003 година откако беше уапсена на 17 март во акцијата “Сабја“.
Адвокатот Иван Бајазит, објаснува дека за кривичното дело за кое се гони Цеца, не може да биде изречена условна или алтернативна казна затвор.
“Договорот за признавање на вината се однесува на дела до 12 години затвор. За злоупотреба на службена дејност, за која таа се терети , на неа и се заканува казна затвор од две до 12 години, така што во договорот може да стане збор само за казна затвор, а не за условна или алтернативна казна“, објаснува Бајазит.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi