Жељко јавно и изјавил љубов на Јована

2 април, 20110
1

Ова е прекрасен живот! Се одмарам и уживам, си го одмарам мозокот – вели Жељко Јоксимовиќ, од Будва каде престојува со својата вереница  Јована Јанковиќ.
На настапот во хотелот “Маестрал“ во Будва, тој пред сите и изјавил љубов на својата вереница посветувајќи и ја песната “Жена за сите времиња“.
Откако слетале на аеродромот во Тиват, тие веднаш се упатиле кон хотелот “Маестрал“ каде престојуваат.
Откако ги оставиле куферите во собата, тие веднаш се упатиле кон спа центрите во хотелот.
Додека тие вечерале, хотелот се полнел со публика. Локалните луѓе изјавиле дека не виделе поголема заинтересираност за нечиј друг настап.
Жељко запеал во 22 часот. Бил расположен и насмеан, исто како Јована која седела со пријателите недалеку од бината.
По неколку песни таа станала и заиграла, а Жељко заљубено ја гледал и и пред сите и изјавил љубов на својата сакана.
“Сега ќе ја чуете песната Жена за сите времиња. Јас знам дека сите дами вечерва се жени за сите времиња и дека мажите кои се покрај нив ќе ги прегрнат и ќе им пеат, но оваа песна вечерва и ја посветувам на мојата дама која никој нема да ја прегрне, а јас да имав рака од неколку метри веднаш ќе ја прегрнев“, изјавил пејачот и слатко ги насмеал присутните кои овој негов гест го поздравиле со гласен аплауз, овации и навивање.
Јоксимовиќ истакнал дека концертот бил феноменален и дека преостанатите денови не му останува ништо друго туку само да ужива.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma