
Пријателите на Светлана Ражнатовиќ веќе подолго време ја убедуваат пејачката да започне со пишување на автобиографија, во која, меѓу другото ќе откие непознати детали од нејзиниот живот.
– Цеца не е човек кој сака да пишува книги,таа смета дека веќе премногу детали од најдлабоката интима поделила со фановите, но исто така знае колку таа книга ќе им значи на нејзините обожаватели. Имала идеја некое познато авторско име да напише книга со нејзина помош, но на крајот тоа речиси сигурно ќе го направи сама. Во автобиографијата, меѓу другото би се нашле детали од почетокот на нејзината романса со нејзиниот покоен сопруг, но исто така и приказни за тешките времиња низ која таа поминала сите овие години – вели близок пријател на фолк дивата.
Првите редови Цеца би требало да ги напише уште следната недела.
– Ние знаеме дека се што прави,го прави добро. Така ќе биде и со книгата која според некои показатели, ќе биде во продажба негде средината на следната година – вели нашиот извор.
Пресудата за домашен притвор истекува кон крајот на февруари, така да до тогаш ќе имаа доволно време да напише многу спомени и тајни, а потоа да ги сподели со јавноста.