Цели 179 дена го бламирал својот син

Дејл Прајс од Солт Лејк Сити одлучил првиот школски ден да го избламира својот 15 годишен син Рејн. Тој и неговата сопруга излегле надвор и го испратиле својот син до школскиот автобус мавтајќи како да се работи мало дете од градинка.
Ми беше забавно и следниот ден го направив истото, но овој пат бев облечен како суперхерој. Слушнав како Рејн и вели на Рошел, мамo немој случајно да му дозволиш на тато повторно да ме бламира, рекол Дејл и тогаш одлучил да му прави слични шали на својот син.
Следните 179 дена, Дејл го испраќал својот син во различни коститми, од Хари Потер, Црвенкапа до костими на ликови кои не се познати херои. Еден ден толку го избламирал својот син што земал стара WC-шоља и седнал надвор со весник и му мавтал на синот додека се качувал во школскиот автобус.
Првите неколку месеци навистина ми беше срам пред моето друштво што татко ми изведува вакви глупости, но на нив им беше многу интересно. И возачот на автобусот бил одушевен од мојот татко, но подоцна и мене ми стана забавно, а татко ми е навистина креативен, признал Рејн.
Таткото за локалниот весник изјавил дека само сакал на хумористичен начин да му даде до знаење на Рејн дека се грижи за него, и дека сака да го насмее секој ден.