Клинтон: Чувајте се од кинескиот колонијализам

12 јуни, 20110
ca52b05c-a30b-4c2c-1479-49e9c73fe508-news_fb_HillaryClinton
Американската  државна секретарка Хилари Клинтон ги предупредила африканските земји да се чуваат од “новиот колонијализам“, со оценка дека опасноста доаѓа од Кина, пишува “Политика“, пренесува НетПрес.
“Африка мора да се чува од новиот колонијализам, каде Кина ги шири своите врски, наместо да создава партнерски однос кој би помогнал во развојот на економските капацитети на континентот“, рекла Клинтон во Замбија на почетокот на својата петдневна африканска турнеја.
Таа рекла дека САД сака кога се инвестира во Африка, но тоа да не биде подривање на доброто управување со континентот.
“Доста може да се научи од азиските земји како владите може да помогнат за економскиот раст, но Пекинг не е политички пример кој треба да се следи“, оценила американската државна секретарка.
Клинтон рекла дека во следните десет години очекува “доста проблеми“ во Кина, кои ќе се зголемуваат, наведувајќи го како пример обидот на кинеските власти да го контролираат Интернетот.
“Повеќе лекции може да научите од САД и другите демократии“, заклучила Клинтон во обраќање на Африканците.
Сопругата на поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, во текот на својата турнеја ќе ги посети и Танзанија и Етиопија.
Кина во 2009 година инвестирала околу десет милијарди долари во Африка, а со тој континент увезува нафта и останати суровини за својата растечка економија.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber