Чантата ја открива вашата личност

8 јули, 20110
haji_bags_lg

Линиите на дланката говорат за вашата иднина, цртите на лицето за карактерот, но дали сте знаеле дека чантата што ја носите покажува каква личност сте?

Вистина е дека облеката не го прави човекот, но открива многу за него. Експертите говорат дека личноста на жената може да се “прочита“ врз основа на чантата што ја носи. На Facebook постојат и апликации кои ви помагаат да откриете какви сте всушност, според изгледот на вашата чанта. Доколку вашата чанта е една од овие, прочитајте што таа кажува за вас, а доколку вашата омилена торба ја нема овде, побарајте ја апликацијата Bagology на Facebook.

Хобо чанта

Хобо е заоблена чанта која се носи на рамо. Ако оваа чанта е вашата омилена, тогаш веројатно сте личност која има многу хобија и различни интереси, па сакате секогаш при рака да имате многу работи, а тоа ви го овозможува оваа чанта. Веројатно сте и многу креативна личност, полна со идеи и вечен ловец на совршенството.

Сатчел чанта – Дарежлива жена

Сатчел е вид на чанта која освен кратка рачка има и една подолга, па можете да ја носите или во рака или преку едното рамо. Според изјавите на експертите, жените кои носат вакви чанти се топли, но и решителни личности. Поконкретно, тие се љубезни и дарежливи, но сè додека не почувствуваат дека некој ги искористува. Овие жени знаат што сакаат, а низ животот сакаат да патуваат без премногу работи, бидејќи речиси секогаш се во движење и точно знаат како да го искористат денот.

Заоблена чанта – Независна девојка

Заоблена торба со кратки рачки е најдобар пријател на девојките чиј ден е исполнет со состаноци, ручек со пријателките, после кој одат на излет или во театар. Оваа чанта е како создадена за независна жена, која без ничија помош храбро чекори во новиот ден. Иако не купувате само брендирана облека, сакате да се издвоите од толпата и да ја покажете својата емоционална страна секогаш кога ќе ви се пружи прилика. Вие сте мила личност полна со љубов, што значи и дека имате многу пријатели.

Плик чанта – Решителна личност

Плик чантите се затвораат со еден “клик“ и се наменети за девојки кои се врзуваат за омилените работи и сакаат да ги имаат блиску до себе. Зборлести се, имаат самодоверба и секогаш одат исправено. Жената што сака вакви чанти е решителна личност која ја цени класиката, а околу себе има круг од блиски и долгогодишни пријатели.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi