Најновите информации поврзани со пионерот на немите филмови, Чарли Чаплин, говорат дека тој всушност по потекло е Ром. Имено пронајдено е писмо во кое се дознава дека Чаплин е роден во Блек Патчу, голем караван кој во тоа време бил во Лондон.
Во писмото кое го пишувал извесен Џек Хил, било напишано дека тој знае за неговото потекло, дека всушност е ром. Неговата мајка била позната ромска пејачка, која ја напуштил сопругот кога Чарли имал само три години.
Оваа информација се досега беше чувана во тајност, а ова писмо Чаплин го добил шест години пред неговата смрт.