Чарли Шин влезе во Гинисовата книга на рекорди
9 март, 20110

Контроверзниот актер Чарли Шин влезе во Гинисовата книга на рекорди во категоријата за “Најбрзо време потребно за да се стекнат милиони пријатели на Твитер”. Само по 24 часа од активирањето на својот профил на Твитер, тој се стекнал со милиони пријатели. Ова не е прв пат неговото име да биде напишано во Гинисовата книга на рекорди. Тој сеуште е непобеден во категоријата на најплатен актер по епизода.