Еден прамен од косата на Бибер вреди 40.668 долари
9 март, 20110

Тинејџ ѕвездата Џастин Бибер беше гостин во шоуто на Елен Де Џенерс, каде остави еден прамен од својата штотуку ишишана коса. Елен веднаш го стави праменот на аукција, каде за неколку дена праменот достигна цена од вртоглави 40.668 долари. Парите од оваа аукција се наменети во хуманитарни цели. Освен праменот, среќниот купувач ќе ја има можноста да добие прилика да се запознае со својот идол, во наредното негово гостување во шоуто на Елен. Џастин во понеделникот го прослави својот 17-ти роденден со својата девојка Селена Гомез, во апартман, за кој плати 6000 долари.