Charlie Sheen не помина баш најдобро на главното рочиште, по кое излезе без да сака да искоментира било што. На судењето беше одлучено, децата да и припаднат на Brooke Muller, иако таа беше фатена со одредено количество на дрога. Познато е дека и двајцата имаат проблем со дрога и алкохол, но судот одлучи дека е подобро децата да останат со мајката.
И Brooke излегла од судницата без никаков коментар, но нејзината насмевка на лицето потврдила дека пресудата е во нејзина корист. Инаку парот се раздели кон крајот на 2009 година.