Венчаница со 99.999 бисери

20 април, 20110
pearl_wedding_dress

На еден романтичен кинез, му требаше цела година за да и направи на својата сакана блескава венчаница декорирана со 99.999 бисери. Според него бројот девет има значење на вечност и долгорочност, Peng Yu со ова сакаше да покаже дека ќе ја сака својата ќена засекогаш. Peng Yu се венчаше на 12 април оваа година, а неговата невеста Yang Pingzhi беше воодушевена од фустанот со 99.999 бисери. Peng Yu поседува компанија за бисери во Beihai, јужниот дел на кинеската Guangxi провинција. Peng изјавил: “пред две години кога Yang се согласи да се венчаме, размислував какво изненадување да и приредам.“ Така тој решил да и направи специјална наметка за венчаницата, земал 99.999 бисери, па поканил дизајнер од Хонг Конг да ја направи истата. Самата наметка на крајот тежела девет килограми. Минатиот месец тие аплицираа до Британската светска канцеларија на Гинис за да постават рекорд како невестински фустан со најмногу бисери на него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *