Дали некогаш ви дошло на памет дека и за вашите потпетици постојат аксесоари? Модните дизајнери смислија и наметнаа нов тренд, а тоа е кондом за вашите потпетици.
Овие навлаки за потпетиците може да ги користите многу пати, ги има буквално во секаков вид, големина и дезен. Тие ќе направат вашите чевли да изгледаат поинаку.
Цената за еден пар е од 20 до 40 долари, но кога ќе помислите дека може да ги носите во безброј комбинации и безброј пати, цената и не е така висока.