Челзи Клинтон се разведува по шест месеци брак

Челзи Клинтон, ќерката на поранешниот американски претседател Бил Клинтон и на актуелниот државен сектетар на САД, Хилари Клинтон се разведува по само шест месеци брак со банкарот Марк Мезвински, објавува “Нешнал енквајер“, пренесува Нетпрес.
Според медиумот, Челзи и Марк во изминатиот период имале жестоки расправии поради желбата на единицата на Бил Клинтон да го прошири семејството. Наводно, Челзи била таа која очајно сакала да роди дете, идеја што на нејзиниот сопруг не му се допаѓала бидејќи во иднина тој како татко ќе морал слободното време да го минува со семејството.
Желбата на Челзи да роди бебе се поклопувала со таа на татко и Бил, кој веднаш по венчавката изјавил дека едвај чека да стане дедо.