Четири видови секс кои треба да ги избегнувате

21 декември, 20110
seks izbegni

Празниците се време на прослави, журки и одмор, но некогаш може да не одведат во неочекуван и непосакуван правец…

Секс со поранешните партнери: Се сретнавте со бившиот/бившата и ве понесе еуфоријата на празниците. Ви годи флертувањето со него/неа, но бидете внимателни. Колку и да ви изгледа примамливо да имате секс со поранешните партнери, размислете на последиците. Ќе бидете лути на себеси бидејќи сте дозволите да се најдете во кревет со некој кој сте го оставиле или ве оставил.

Секс за одмазда: Мажите се непредвидливи, во еден момент се е супер, а веднаш потоа едноставно не ви се јавуваат. Ако неодамна ве разочарал партнерот и сакате да спиете со било кого само за да ги изечите фрустрациите, размислете двапати. Сексот со некоја личност само затоа што сте лути на друга личност никогаш не е добра идеја, а особено не за време на празниците. Сценариото е секогаш исто – на крајот вие ќе бидете повредени, а вашиот одмор уништен.

Пијан секс: Сте испиле малку повеќе, тоа на сите им се случува. Меѓутоа, немој да дозволите да изгубите контрола и да отидете со некој во кревет за кој ќе се каете. Тоа што сте пијани не значи дека утредента нема да се сеќавате што се случило. Искористете ги празниците да се забавувате, а не да се нервирате за една пијана ноќ.

Депресивен секс: Доколку сте сами за празниците, можеби ќе се чувствувате депресивно додека другите парови околу вас уживаат во зимската идила. Најлошо решение во овој случај е да отидете во кревет со некој странец само за да не се чувствувате осамено. Наместо тоа, поминете време со вашето семејство кое ќе ве потсети дека имате љубов во вашиот живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma