Колачиња со капучино

21 декември, 20110
kapucino

Потребни состојки:

За колачи:

800 гр. брашно

400 гр. маргарин

200 гр. кафеав шеќер

100 гр. бел шеќер

2 лажици капучино

2 лажици какао

150 мл. млеко

За фил:

200 гр. шеќер во прав

5 лажици млеко

2 лажици капучино

Припрема:

Во посебен сад измешајте ги брашното, двата вида шеќер и какаото, а потоа додадете го разматениот маргарин. Мешајте со раце и постепено додадете го млекото. Потоа тестото покријте го со целофан и оставете го да отстои во фрижидер околу два часа.

По два часа, од тестото направете мали топчиња или друга форма по желба и во нив направете дупки. Ставете ги колачињата во намрсен сад и печете на температура од 180 степени околу 20 минути.

Изматете ги состојките за фил со миксер. Изладените колачиња наполнете ги со филот и оставете ги во фрижидер најмалку еден час пред послужување. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma