Chevrolet донираше Chevrolet Cruze на СОС Детско Село Македонија

15 април, 20110
ChevroletSOS01

Април 14.04.2011

Chevrolet донираше Chevrolet Cruze на СОС Детско Село Македонија

 

  • По повод стогодишнината од своето постоење, Chevrolet ќе донира сто автомобила на СОС Детските Села низ цела Европа
  • Еден од вкупно сто автомобила, на 12-ти април 2011 година (вторник), беше свечено врачен на СОС Детско Село Македонија.

Само еднаш се слави стогодишнина! А, во друштво се слави најдобро. Кога станува збор за друштво, нема повесело друштво од детското! Во тоа се уверија сите поканети гости на роденденската забава која се одржа на 12-ти април 2011г. (вторник) во СОС Детско Село Македонија, каде што Директорот на Chevrolet претставништвото во Србија и Македонија, г. Миле Иванов, ги врачи клучевите од снежно белиот Chevrolet Cruze на г-ѓа Јулијана Гапо, Национален Директор на СОС Детско Село, а врачувањето беше пропратено со громогласни овации од насобраните деца. Почесен гостин беше Амбасадорот на Детско Село, г. Ламбе Алабаковски, а модератор на настанот беше stand up комичарот Сашко Коцев.

„Би сакала да се заблагодарам на Chevrolet и Аутомакедонија за овој прекрасен подарок!“ – изјави г-ѓа Јулијана Гапо во името на СОС Детско Село Македонија, додека децата уживаа во роденденската торта и организираните игри за деца. Имаме толку колку што даваме на другите. Chevrolet само ја потврди оваа народна поговорка и даде уште еден пример за изразување на солидарност.

“Донирањето на автомобили е најприродниот начин на кој ние, како производители на автомобили, можеме да помогнеме на СОС Селата. Се надеваме дека донираните автомобили ќе овозможат да се подобри секојдневниот живот на децата и на нивните старатели,” истакна Вејн Бренон, Претседател на компанијата Chevrolet Europe. “Со гордост ѝ помагаме на оваа независна организација која работи со огромна посветеност и преданост, кои ги демонстрира во својата секојдневна работа и во програмите за ублажување на последиците од катастрофи.’’

Програмата “Wheels for Kids” ќе им овозможи на децата и на нивните СОС мајки почесто да патуваат и ќе ја зголеми можноста за социјалните работници полесно и почесто да ги посетуваат загрозените семејства во општеството. “Од мали градски автомобили до седмоседи, Chevrolet автомобилите ќе бидат користени за различни цели,’’ истакна Ричард Пихлер, Генерален секретар на Меѓународната организација СОС Детски Села. СОС мајките треба да бидат во можност да патуваат поради истите причини како и секој друг родител. Тие се соочуваат со истите предизвици како и секое друго домаќинство. Преку програмата за поддршка на семејствата, нашите социјални работници ќе ги посетуваат сиромашните и загрозените заедници, како би помогнале на семејствата подобро да се грижат за себе и за своите деца. Многу често, овие заедници се пооддалечени и тешко достапни. Можноста за нашите соработници да патуваат е од големо значење, бидејќи ќе можат да ја дадат потребната поддршка за децата,’’ објасни Пихлер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *