Чикаго во финалето на Истокот
13 мај, 20110

Екипата на Чикаго се пласираше во финалето од плеј офот на Источната конфернеција во НБА лигата, откако во шестиот меч како гостин ја победи Атланта со 93:73 и со 4:2 во победи се избори за финале во кое ќе игра со екипата на Мајами.
Бузер со 23 поени и 10 скока и Роуз со 19 поени и 12 асистенции беа најефикасни кај победникот, додека Денг додаде 13 поени. Во екипата на Атланта подобри од останатите беа Џонсон со 19 и Смит со 18 поени.