ЦИА обелодени тајни документи од Првата светска војна

20 април, 20110
topsecret
Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) денеска уште малку фрли светло на тајниот свет на шпионите од Првата светска војна, бришејќи ја ознаката ’доверливо’ од некои од најстарите тајни документи од архивите во Вашингтон.
Во тие документи, вкупно шест, се открива формулата на невидливото мастило, односно врвната техника која тогаш ја користеле шпионите, генералите и дипломатите за испраќање на тајни пораки.
Меѓу нив има и еден документ напишан на француски јазик за германската формула за невидливо мастило, што покажува дека Французите ја откриле германската формула.
“Овие документи останале класифицирани скоро еден век, но сега напредокот во технологијата ни овозможи да ги објавиме“, изјавил директорот на ЦИА, Леон Панета.
Портпаролката на ЦИА, Мери Харф додала дека неодамнешниот напредок во хемијата за невидливото мастило и методите за негово откривање ги направиле тие тајни документи застарени.
Стив Афтергуд, од Сојузот на американски научници, меѓутоа, не е импресиониран со оваа одлука на ЦИА, ниту со објаснувањето на Панета. Тој вели дека ЦИА се спротиставувала тие документи да бидат објавени во 2002 година.
“Невидливото мастило стана застарено одамна, а не во последните пет години. Панета се обидува да го рационализира ирационалното информирање во ЦИА“, вели Афтергуд.
ЦИА минатата година ја тргна ознаката ’доверливо’ од повеќе од милион документи.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi