Цинк таблетите го намалуваат траењето на настинките

popara28 јули, 20111min00
cink

Цинкот, како додаток во исхраната, може да го скрати времетраењето на настинките дури до 40%.

Доколку земаме цинк во поголеми дози, тоа може да ја намали должината на настинките за скоро половина. Овој заклучок е добиен со комбинирани резултати од 13 различни тестирања на таблетите со цинк кои се раствораат во уста и се достапни во секоја аптека.

Три студии покажуваат дека земањето на дневна доза од цинк ацетат поголема од 70мг (седум пати повеќе отколку што вообичаено се препорачува) ги ублажува симптомите и го скратува времето на настинка во просек за 42 проценти.

Во пет други испитувања, користеле друг вид на цинкови соли во дози поголеми од 75мг, а како резултат имало скратување на настинката за 20 проценти. Но, во пет истражувања каде што се користела доза помала од 75мг, не се покажале никакви промени кај лицата кои имаат настинка.

Цинкот е многу важен за имунитетот и доколку не внесуваме доволна количина, ризикуваме да добиеме различни инфекции. Повеќе од 200 вируси можат да предизвикаат настинка, поради што е скоро невозможно толку да го зајакнеме имунитетот за целосно да се заштитиме од нив.

Просечниот човек “заработува“ најмалку 200 настинки во животот, значи два до три период на кашлање и кивање годишно.

Препорачлива дневна доза на цинк за возрасни е 10мг, но многумина не внесуваат ни половина од тоа. Цинкот не се складира во телото, иако може да се најде во ткивото и коските. Тој помага за зајакнување на имунолошкиот систем, во зараснување на рани, важен е за правилно распознавање на вкусови и мириси и е од витално значење за машката плодност.

Богати извори на цинк се школките, јагнешко месо, црн дроб, бифтек, семки од тиква и производи од цели житни зрна.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma