Циркус во судница! Евангелиста ќе и ги земе парите на Селма Хаек?

popara3 август, 20111min00
linda_evangelista_francois-henri_pinault_salma_hayek

Познатиот супермодел Линда Евангелиста е на ратна нога со поранешниот љубовник Франсоа Хенри Пино. Таа од него на судењето побарала рекордни 46.000 долари алиментација. Инаку Пино е билионер, кој е моментно сопруг на Селма Хаек со кога ја имаат тригодишната ќеркичка.

Линда од вонбачната врска со Пино, го има четиригодишниот син Августин, за кого тврди дека до денес Пино не дал ниту цент. Додека на својата ќерка со Селма троши и по 50.000 долари месечно. Тригодишната ќерка на Пино и Селма се проценува дека поседува недвижнини во вредност од 12 милиони долари.

Веќе следниот месец ќе се знае дали Линда го добила спорот, а со тоа и парите кои ги бара од Пино.

Сопственикот на големите брендови Гучи, Ив Сен Лорен и Ботега Венета, не сака да ги даде парите. Тој ангажирал приватен тим од детективи и од нив дознал дека Линда троши многу пари на детето, но само затоа што мора да плаќа дадилки кои цел ден ќе го чуваат затоа што таа несака да остане сама со нивниот син.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag