Бидејќи младите луѓе се поретко одат во црква, поповите решија да најдат нов поинаков начин за да го привлечат нивното внимание. Некои цркви се навистина екстремни во своите обиди да привлечат нови верници, а прв пример за тоа е црквата на Сите Светци од Стокхолм, Норвешка.
Наместо госпел и црковна музика, оваа норвешка црква секој петок се претвора во диско, каде се пушта, верувале или не, техно музика. Во црквата се поставува специјално осветлување и е дозволено да се танцува, а Лутеранските свештеници велат дека оваа нивна идеја е вистински успех кај младата популација.
Откако црквата започна да пушта техно музика, интересот е толку голем, што дури тие мораат да одбиваат луѓе бидејќи немаат капацитет за да ги сместат сите. Младите норвежани имаат навистина позитивен став кон идејата на лутеранските свештеници, и велат дека ова ги натерало почесто да одат во црква дури и на нормални миси. Епа браво за поповите!!!