Здравствената состојба на музичарот Ненад Јанковиќ, познат како д-р Неле Карајлиќ е доста подобрена, но тој се уште се наоѓа во Ургентниот центар во Белград.
Фронтменот на групата “No Smoking Orchestra”, преживеал полесен срцев удар и бил задржан во ургентниот центар на понатамошни испитувања.
За пружање на најдобра можна медицинска нега се погрижил неговиот пријател, режисерот Емир Кустурица (кој е исто така член на бендот “No Smoking Orchestra”), тој изјавил за медиумите дека Неле имал тахикардија, (забрзано работење на срцето) но дека не било страшно, бидејќи тоа и нему му се случувало.
Групата “No Smoking Orchestra”, имале закажано концерти во Украина и не се знае дали остатокот од бендот ќе отпатува таму.
Да потсетиме дека д-р Неле исто така глумеше во незаборавниот серијал од крајот на 80-тите години, “Топ листа надреалиста”