Да не ти се верува! И индијанците ги прифатија геј бракови!

5 август, 20110
Indijanci

Индиското племе Саквамиш (Suquamish), чиј резерват е лоциран во близина на Сиетл, Вашингтон, ги призна хомосексуалните бракови, и на тој начин стана второ племе во Америка кое го направи тоа, јавува АП денес.

Племенскиот совет гласаше за проширување на правото на брак на членови од ист пол во резерватот, кој беше поддржан од страна на повеќе од 100 членови на племето.

Новиот закон овозможува племенскиот судот да издаде дозвола паровите да стапат во брак, без оглед на полот, ако се постари од 18 години и најмалку еден од нив е член на племето.

Другите судски органи ќе одлучат дали заедницата која ќе добие одобрение ,согласно прописите на Саквамиш племето, да биде признаена во другите делови од државата Вашингтон, каде геј браковите сеуште не се признаваат во рамките на законот, рече адвокатот ма премето Мајкл Хенсен.

Вашингтон овозможува хомосексуалните двојки од таа сојузна држава да бидат признаени од страна на надлежните органи на другите земји. Одобрена е регулатива т.н. “сè освен брак”, се што на геј паровите им овозможува многу права.

Промената на законот на племето Саквамиш следеше по четири годишна кампања од страна на нивниот 28-годишен член Хедер Парсер.

“Сакав да бидам прифатена во своето племе. Очекував дека борбата ќе биде тешка и грда, но се изненадив. Претпоставувам дека го очекував најлошото од луѓето, од својот народ “, изјави Парсер, која на возраст од 16 одлучи да лансира кампања за признавање на хомосексуалните бракови.

Племето Шаквамиш има околу 1.000 членови и неговите членови живеат еден час од Сиетл, град кој беше именуван според нивен член, поглаварот Сиетл, лидер на Сојузот на племињата во првата половина на 19 век.

Индијанското племе Коквили (Coquille) на северниот брег на Орегон, исто така, го призна бракот меѓу ист пол во 2008 година, но повеќето тоа го одбија, вклучувајќи го најголемото – Индијанците Навахо.

Геј бракови се легални во Њујорк, Конектикат, Ајова, Масачусетс, Њу Хемпшир и Вермонт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi