Американските медиуми дознаваат дека поранешната дадилка на сестрите Крадашијан, ќе напише книга за деновите поминати со големото семејство, додека сеуште не биле познати.
Пем со години била и личен асистент и готвач на Брус и Крис Џенер. Таа во книгата нагласила дека синовите на Џенер биле ужасни, размазени деца без почит кон луѓето. Брус Џенер отсекогаш бил добар,а со Крис имала однос исполнет со љубов и омраза. Дадилката открила и дека отсекогаш ги сакала Ким и Кортни, но нема да се двоуми да пишува за интимните детали од нивниот живот.