,,Пројдовме низ врата,,,пишува во еден стар патопис, и тогаш пред нас се издигна еден божествен кип во неверојатен мир, првокласно уметничко дело, направено пред 600 години. Во целиот тој лик владее достоинство кое е тешко да се опише. Замисла, во себе затворена, семоќни сили, апсолутна и лишена од секоја страст, мајсторски е прикажана во држењето и изразот на кипот што со полузатворени очи гледа надоле. ,,
Кога заоѓа сонцето го покажува вистинското лице.Така велат Јапонците, и во право се. Огромниот бронзен Буда зрачи со вселенска сигурност и на него не може да се делува. Кога обичниот човек стои пред 14м висок гигант заборава во кое време живее. Постојат два огромни кипа на Готоама Буда, кој Јапонците го викаат Буцу. Постариот се наоѓа во Тодајира у Нари и висок е 16м. Своето постоење го должи на кралскиот завет. При леењето на кипот биле потрошени 4.664 кубни метри дрвен јаглен, за позлатување 325кг. злато и за изработката бил одговорен Кунинака но Мураи Кимимаро, внук на некој доселен кинез. Но веќе не се знае како изгледал тој првобитен Даибуку. Низ вековите бил четири пати делумно уништен повторно обновен. Единствено 21 метарското лотосово седиште ја сочувало формата. Историчарите на уметноста оценуваат дека сегашната форма датира од 1701-1708 година.
Дајбуцу во Нари е таканаречен татко на бронзениот Буда од Камакура. Минамото но Јоритомо, прв од јапонските Шогуни, се пробил благодарение на внатрешната полтика победувајќи ја партијата Таира. 1185 година Шогун го превзел раководството на земјата.
Камакура се развил во моќна резиденција. Науката и уметноста цветале. Тој период влегол во јапонската историја на уметноста. Минамото но Јоритомо имал цел да ја ослабе доминацијта на Нара како уметнички град. Но за тоа бил потребен и еден кип на Буда рамен на на кипот Дајбуцу во Нари. На вајарот Ону Гороемону му било наредено да го направи. Во 1252 година било завршено лиењето.
Камакура кој одсекогаш бил седиште на владеењето на Шогун, сега добил превласт во уметноста. Даибуку владее со лотосовото седиште, постољето е во форма на тераса, а до него се стига по скали. Бронзените делови и плочи од кои е изграден кипот се дебели и до 10цм. Само образот е висок 3 метри. Два отвора од задната страна овозможуваат да се влезе во внатрешноста на кипот. Порано Дајбуцу се наоѓал во некоја просторија како што е случај со Будата во Нара.
Околу Будата се граделе храмови и палати. Пожарите и тајфуните низ вековите ги покриле дрвенариите со пепел. Главниот град Камакура, кој некогаш броел околу 100 илјади жители не го преживеал средниот век. Само Дајбуцу сведочи за некогашната големина. Од 1495 година владее под отворено небо. Бронзата со тек на времето станала црно-зелена. Германскиот патник П.Г.Хајмс дошол пред крајот на векот во Камакура. Нашол во постољето на Будата некоја врата што била заштитена со чувари во црвена боја кои одвратно се смееле. На црвениот лак имало полно бели точки. Хајмс ја истражувал причината за точките и го сознал следново,,Кој сака да дознае нешто за боговите треба дома на хартија да ја напише својата молитва, а потоа да ја изџвака и да ја плукне на црвениот лак, ако се залепи хартија молитвата ќе биде исполнета. Некои успевале да дофрлат и до челото на насменато лице на Будата. Хајмс прошол пат од Токио до Камакура, нешто повеќе од 50км возејки се со рикша. Мора тоа да било тешко патување. Денес од Токио води брза железничка до Камакура.За жителите на Токио посетата на Буда е неделен излет. Но, можда повеќе ѓи привлекува јапонската ривиера. Заливот Сагами е популарно одмаралиште.