
Кошаркарите на Далас се наоѓаат на чекор од освојување на титулата шампион во НБА лигата, откако во петтиот меч од финалната серија на свој терен го победија Мајами со 112:103 и поведоа со 3:2 во победи.
Дирк Новицки повторно беше најефикасен кај Маверикси со 29 поени, Тери додаде 21. Во поразениот тим најефикасен беше Вејд со 23 поени, Бош постигна 19, Џејмс 17.
Следниот меч се игра в недела навечер во Мајами, а доколку тимот од Флорида забележи победа, седмиот меч би се играч во вторник навечер, повторно во Мајами.