Дали Бритни Спирс ќе настапи на Греми?
11 јануари, 20110

И покрај сите најави и излегувањето на нејзиниот нов камбек сингл – сепак Бритни Спирс нема да настапи на овогодинешните Греми награди, изјавиле од нејзината менаџерска куќа. Поп-ѕвезда, 29, само што го објави синглот “Hold It Against Me”, веќе стана број 1 на топ листите на iTunes, немала планови да пее во живо на 13 февруари за доделувањето на познатите награди. Комплетна листа на презентери на Греми и изведувачи се очекува да биде објавена во текот на следните недели. Доделувањето на наградите ќе се емитува во живо од Лос Анџелес, Staples центарот на CBS.