Полициската рација заплени огромно количество на дрога во Бразил. Дилерите дошле до идеја, за подобра продажба на нивната дрога, во кесичките го ставиле ликот на Ејми.
Дали тоа ќе ја зголемело нивната продажба? Со оглед на тоа дека причината за смртта на Ејми е токму дрогата… не би се рекло.
Затоа што медиумите пласираа толку многу информации за неа, дилерите решија тоа да го искористат како реклама, изјавиле од полицијата.
Освен за овие потреби, ликот на Ејми е употребен и за плакатите во Швајцарија каде има нејзини слики како таа изгледала пред и по зависноста. Оваа кампања е спроведена за да се забрани легализацијата на лесни дроги.