Дали ќе ја наследите фигурата на мама ?

popara23 август, 20111min00
figura

Вашата мајка е дебела, а вие се надевате дека нема да бидете ? Дознајте колку имате контрола над сопствените гени.

Гледањето на вашата мајка не е доволно за да заклучите како ќе изгледате кога ќе бидете во нејзини години.Студијата покажува дека, додека вашите гени влијаат околу 80 % на изгледот и обликот на вашето тело, околина и личниот животен стил така што имаат значајна улога. Така да, иако сте иста како вашата мајка, тоа не значи дека, кога ќе бидете во средни години, ќе имате тело исто како нејзиното.

Вашата мајка пораснала во свет во кои жените не вежбале многу и не пропуштиле ниедно парче пита, додека вие, од друга страна, сте пораснале играјќи некој спорт и конзумирање на диетална исхрана- така да, бидете повеќе внимателни со вашето тело. И експертите велат дека таа разлика може да биде пресудна.

Доказ за тело

Пред 20 години, истражувачите кои ги проучувале идентичните близнаци дошле до резултат дека гените прилично го одредуваат обликот и големината на возрасното тело. Али новите истражувања имаат малку длабочна теорија. Некои аспекти на физичкиот изглед се повеќе врзани за гени од другите. Оваа студија открива дека, додека мускулите се во развој на некои луѓе потребна им е многу физичка активност.

Ако вашата мајка има голем стомак, има големи шанси и вие да бидете како нејзе. Од медицинска гледна страна тоа може да биде загрижувачки бидејќи големиот стомак може да доведе до болести како што е дијабетис 2 и коронарна артериска болест.

“Ако наследите пола од мама и пола од тато гени, ситуацијата е прилично отворена. Можете да бидете несреќни и да наследите најлоши можни комбинации од гените на родителите, али можеби ќе ги наследите и најдобрите”, вели Роналд Кан, професор на Универизитетот Харвард.

Животен стил

Поголемиот број на дебели луѓе во светот, е пример од влијанијата на околината. Гените одсекогаш биле човечка природа, а денешната дебелина е тотално нова.

Камингс има едноставно објаснување за денешната дебелина- а тоа е калоричната храна во денешно време. “Пред неколку стотици години многу луѓе немале пристап до поголема количина на храна, така да само богатите можеле да бидат дебели.” Денес, за неколку евра, дури и личноста со “слаби” гени може да купи калорична храна и да се здебели. Живееме во околина за која нашите гени не се дизајнирани, вели Камингс.

Денес девојките вежбаат многу повеќе од нивните мајки кои не вежбале воопшто. Кога во тинејџерските години ќе ги зацврстите мускулите нивото на тестостерон се зголемува малку и допринесува малце машка градба.

Генетиката не може да се измени, но вежбањето може да го преобликува телото, и така да го смените оној тип на тело кои ви е “суден”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag