Мистериозна способност на делфините!

23 август, 20110
delfini 1

Научникот од Медицинскиот центар на Универзитетот „Џорџтаун“ (ГУМЦ), кој претходно ја откри антимикробската подлога во кожата на жабите и кај ајкулите, сега го свртува вниманието кон способноста на делфините за заздравување.

Способноста кај делфините за брзо заздравување по угриз од ајкула, за влијание врз интензитетот на болката, за отпорноста на инфекции и заштита од хематоми и скоро нормалната реставрација на обликот на телото, може да понудат нов поглед во грижата за повредите кај луѓето, вели Мајкл Заслоф.

Во писмото објавено во Билтенот на истражувачката дерматологија, Заслоф кој е придружен професор во ГУМЦ и поранешен декан за истражувања, интервјуирал тренери на делфини и морски биолози од целиот свет, и ја прегледал скудната литература која постои во врска со лекувањето кај делфините, за да понуди некои нови опсервации за она што тој го нарекува „значајно“ и „мистериозно“ во способноста кај делфините да заздравуваат. Поголемиот дел од процесот на заздравување кај делфините останува незабележан и слабо документиран, вели Заслоф.

 

– Зошто делфинот не искрвавува до смрт по угризот од ајкула?

Заслоф го објаснува процесот на заздравување кај делфините со синтетизирање на нецелосните извештаи за познатите аспекти на биологијата на делфините. Тој претпоставува дека истиот механизам за нуркање (нуркачкиот рефлекс), кој ја двои крвта од периферијата на телото за време на долгото нуркање на делфините во водените длабочини, исто така може да биде предизвикан при повредување. Помалку крв на површината на телото значи губење на помалку крв.

 

– Зошто делфините не страдаат од силна болка?

За болката Заслоф во извештајот претпоставува дека наводната индиферентност на делфините кон болката претставува „адаптација со цел преживување“. Сепак тој вели дека невролошките и психолошките механизми вклучени во намалување на болката остануваат непознати.

 

– Што е тоа што спречува раната да не се инфицира?

Превенцијата од инфекции е можеби најмалку мистериозна. И покрај отворените рани и длабоките повреди во месото, оние кои ги следат делфините по угризите од ајкули не забележале големи стапки на инфекции. Заслоф вели дека најверојатно слојот маст под кожата кое го создава животното, е клучниот одговор на ова. Салото и неговиот состав биле со години екстензивно истражувани бидејќи таму се собираат многу отровни материи од човечко потекло, како што се тешките метали од нивните извори на храна, кои им овозможуваат на научниците да ја следат загаденоста на околината, вели Заслоф. Затоа е добро документирано тоа што салото исто така содржи органохалогени за кои е познато дека имаат антимикробски својства и антибиотски карактеристики.

„Најверојатно делфините складираат своја антимикробска содржина и ја ослободуваат кога ќе се случи повреда“, предвидува Заслоф. – „Со ова може да се контролира и да се спречи микробиолошка инфекција, а во исто време да го спречува распаѓањето на ткивото околу раната на животното.“

 

– Без лузни?

Како е можно длабока, отворена рана да заздрави така што телото на животното повторно се враќа во првобитната состојба (т.е. се реставрира обликот на телото на делфинот)?

Заслоф вели дека способноста на делфините за заздравување е многу различна со онаа кај луѓето и е повеќе како регенерација.

„Затварањето на отворените рани скоро до неговата нормална состојба е способност на повреденото животно да ги спои новото ткиво со постоечкиот материјал од адипоцити, колаген и еластичниот материјал“, објаснува тој.

„Заздравувањето кај делфините е слично како кај фетусите на цицачите кои се способни да заздрават во матката.“

 

Брент Витакер, заменик извршен директор за биолошки програми во Националниот аквариум во Балтимор, го опишува извештајот на Заслоф како „прилично провокативен“. Заслоф се консултирал со Витакер за време на истражувањето.

„Има смисла тоа што дермалните ткива кај делфините можат да развијат механизми за да ги заштитат од микробите кои се присутни во водата каде што  живеат животните“ – вели Витакер. „Други водени животни развиле заштитни стратегии кои им овозможуваат да се соживеат со микрофлората во водата. Истражувањето на д-р Заслоф предлага единствена и интригантна хипотеза која може да почне со објаснувањето како делфините, а можеби и другите цицачи, по големи повреди на мекото ткиво преживуваат во дивината без помош на антибиотици или клиничка грижа.“

„Од работата со морските цицачи е сосема јасно дека способноста за заздравување кај нив е понапредна од она што го гледаме кај земјените цицачи“ – вели Ли Ен Клејтон, директор на Одделот за здравје на животните во Националниот аквариум, која исто така се советувала со Заслоф. „Д-р Заслоф предлага некои фасцинантни механизми на активност на заздравување. Возбудливо е да се започне со поцелосно истражување на овие механизми.“

 

Во неговото истражување, Заслоф ја претставува историјата на случаите на два делфини кои биле изгризени од ајкули, Нари и Ехо, во резерватот за диви делфини Тангалума на островот Моретон во Австралија. Извештајот документира процес на заздравување кај делфините со фотографии за да биде елоквентно демонстрирано како и колку брзо двата делфини заздравеле од страшните повреди од ајкули.

 

„Тимот за грижа за делфините во Тангалума е воодушевен од фантастичната природна способност на делфините кои таму ги посетуваат, во надминување на повредите од угризи од ајкули каде изгледа дека нема разлики“ – вели Тревор Хасард, директор на Тангалума. „Научивме многу од животот на другите животни. Можеби придонесот на д-р Заслоф ќе ги истакне капацитетите на делфините за заздравување, и ќе предизвикаат внимание од заедницата за медицински истражувања.“

„Се надевам дека со ова истражување ќе поттикнам истражувања кои ќе придонесат за луѓето“ -вели Заслоф. „Чувствувам одговорност и сигурност дека во заздравувањето на раните кај животните ќе пронајдеме нови антимикробски агенси, како и силни аналгетски содржини.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi