Дали се ближи крајот на светот, НАСА е свесна за тоа

6 јуни, 20110
end-of-the-world

Покрај многуте најави за крај на светот, деновиве се појави уште една, но сега не се во прашање комети, метеори, симболични записи, во овој случај се работи за свемирски феномен.

Рускиот физичар Александар Димитријев, тврди дека Земјата и целиот нејзин сончев систем наскоро ќе влезат во таканаречен “мистериозен облак од меѓуѕвездена енергија”, што би можело да предизвика катастрофа невидена во нашиот дел од галаксијата. Датумот се уште не се споменува. Рускиот физичар тврди дека и НАСА е свесна за тоа но се уште нема никаков официјален коментар од нивна страна.

Некои веруваат дека појавата на мистериозниот облак е причината за неодамнешниот масовен помор на птици, риби и други животни, а сето тоа е поради необичното влијание на енергијата која ја ослободува сонцето.

Поточно, мистериозниот облак наводно ќе доведе до зголемување на соларната активност и зрачење од сонцето каде што нашата атмосфера не ќе може да не заштити. Зрачењето ќе има влијание врз создавањето на бури, земјотреси и ерупции од невидени размери.

Се разбира, ако ние не спасат Вонземјаните, што е очигледно единственото сценарио за опстанок на човечкиот род.

Рускиот научник е зачуден зошто НАСА иако е свесна за таквата појава, се уште не дава конкретни изјави до јавноста кои не би требало да бидат тајни кога се работи за сериозни и важни информации?

Еден можните одговори е дека тие сакаат да избегнат предизвикување на голема паника помеѓу луѓето а во меѓувреме да соработуваат со Вонземјаните за евакуација на барем дел од човечката популација. Оваа теорија може и има некоја логика бидејќи голем број на снимени податоци на појава на НЛО има на местата каде се погодени со елементарни непогоди. Вонземјаните наводно ги снимаат промените и активностите на Земјата со цел подобро да се предвиди критичното време и да се започне со голема евакуација.

Дали овие мрачни прогнози ќе бидат реални ќе покаже времето во меѓувреме уживајте во летото кое ни се ближи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *