Петти дел од одбројувањето на 100-те најсекси жени во светот

6 јуни, 20110
sexy

60- Alessandra Ambrosio – минатата година оваа бразилска убавица беше на 38 место. Таа е една од ангелите на Викторија Сикрет, а во модната индустрија е од својата 18-та година. Неколку магазини досега имаат пишувано дека токму таа го има идеалното женско тело.

59 – Lindsay Lohan – оваа девојка не само што остана на оваа листа на секси жени, иако постојано минатата година се зборуваше за нејзиното лошо однесување, таа уште се искачи на неколку места на оваа листа. Пејачката и актерка која на 24 години помина низ рехабилитации, притовори, судења, сепак продолжи да привлекува внимание, можеби токму нејзиното лошо однесување ја направи оваа њујоркчанка секси.

58 – Elle Liberachi – таа е фантастичен модел, ја сака својата работа. Оваа 25 годишна девојка минатата година беше на 100 место, а во 2011 најповеќе ќе ја препознаете во кампањата на Келвин Клаин.

57 – holly willoughby – можеби не се сеќавате на неа, бидејќи на почетокот таа беше модел за Вондебра и тоа не многу позната,  но подоцна работите се сменија. Оваа 30 годишна актерка изјавила дека се гордее со совите облини. Имам гради и колкови, се облекувам за да ги истакнам нив  и тоа нема никогаш да се смени, е нејзината неодамнешна изјава.

56 – Danni Minogue – минатата година на 40 место, оваа позната австралианка, можеби својата слава и ја должи на сестра си, но нејзиното тело и сексипил се само нејзина заслуга. Дани можеби има 39 но таа изгледа неверојатно и секси.

55 – Jessie J – девојката со најдобри нозе, сексипил и талентирана бисексуалка, која е британка и која изјави дека излегувала со момчиња и девојки. 23 годишната пејачка инаку својот деби албум го издаде во февруари оваа година, па така за само неколку месеци се прослави и влезе во листата на најсекси жени во светот.

54 – Anne Hathaway – следното лето оваа 28 годипна талентирана актерка ќе ја гледате во улогата на жената мачка.

53 – Amy Childs – оваа 20 годишна моделка настапуваше во неколку рекламни капањи, а најпозната е нејзината фотографија со која се појави на насловната на ФХМ.

52 – Rachel Bilson – оваа актерка не треба да е во паника бидејќи и се приближува нејзината 30-та година, поради фактот дека уште долго ќе ја гледаме  на овие листи и понатаму. Таа стана популарна со улогата во познатата хит серија Округот Оринџ.

51 – Kylie Minogue – која е посекси од двете сестри повеќе не важно, она што е битно за оваа пејачка е дека ова е нејзиното 13-то појавување во листата на најсекси жени во светот. Таа има 42 години, неколку тешки изминати години поради болеста, а сепак успеа да ја задржи својата форма и сексипил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi