Неодамна, во муабет со еден психолог дознав дека според него, левичарите биле понезависни луѓе од причина што морале да се приспособат кон свет кој генерално е створен за десничари. Тој факт ме заинтригира и решив да ја истражам работава. Барајќи така, дојдов до многу интересни факти и заклучоци, дел од кои се научни, дел се суеверија. Па, погледнете на што сè наидов:
Левичарите:
– Околу 5% до 10% од целата светска популација се левичари (зависи од изворот);
– Се посклони кон мигрени;
– Имаат поголеми шанси да добијат алергија и да страдаат од несоница;
– Повеќе ја користат десната страна од мозокот;
– Се три пати посклони кон алкохолизам;
– Имаат поголеми шанси да се супер интелигентни;
– Двојно почесто се мажи;
– Се подобри во 3D перцепција и во размислување;
– Се подобри во „мултитаскинг“;
– Во просек живеат 9 години пократко од десничарите;
– Се поплашливи и почесто се лутат;
– Имаат поголеми шанси да се хомосексуалци.
Ова беа неколку научни сознанија. Она што следи се неколку интересни тривијалности.
Левичарите:
– Се подобри тенисери, пливачи, боксери и мечувачи (околу 40% од светски познатите тенисери се левичари);
– Го слават денот на левичарите на 13 август;
– Се опоравуваат после срцеви удари многу побрзо;
– Се покреативни;
– Од последните 7 претседатели на САД, 4-ца се левичари;
– Дипломците левичари понатаму во животот стануваат за 26% побогати од десничарите со истото образование;
– Полесно се приспособуваат на гледање под вода;
– Потешко го движат јазикот.
Што мислите вие? Дали некогаш сте се запрашале за овие разлики? J