Дали знаевте дека левичарите…

26 август, 20110
U.S. President Barack Obama signs his first act as president in Washington

Неодамна, во муабет со еден психолог дознав дека според него, левичарите биле понезависни луѓе од причина што морале да се приспособат кон свет кој генерално е створен за десничари. Тој факт ме заинтригира и решив да ја истражам работава. Барајќи така, дојдов до многу интересни факти и заклучоци, дел од кои се научни, дел се суеверија. Па, погледнете на што сè наидов:

Левичарите:

–          Околу 5% до 10% од целата светска популација се левичари (зависи од изворот);

–          Се посклони кон мигрени;

–          Имаат поголеми шанси да добијат алергија и да страдаат од несоница;

–          Повеќе ја користат десната страна од мозокот;

–          Се три пати посклони кон алкохолизам;

–          Имаат поголеми шанси да се супер интелигентни;

–          Двојно почесто се мажи;

–          Се подобри во 3D перцепција и во размислување;

–          Се подобри во „мултитаскинг“;

–          Во просек живеат 9 години пократко од десничарите;

–          Се поплашливи и почесто се лутат;

–          Имаат поголеми шанси да се хомосексуалци.

Ова беа неколку научни сознанија. Она што следи се неколку интересни тривијалности.

Левичарите:

–          Се подобри тенисери, пливачи, боксери и мечувачи (околу 40% од светски познатите тенисери се левичари);

–          Го слават денот на левичарите на 13 август;

–          Се опоравуваат после срцеви удари многу побрзо;

–          Се покреативни;

–          Од последните 7 претседатели на САД, 4-ца се левичари;

–          Дипломците левичари понатаму во животот стануваат за 26% побогати од десничарите со истото образование;

–          Полесно се приспособуваат на гледање под вода;

–          Потешко го движат јазикот.

Што мислите вие? Дали некогаш сте се запрашале за овие разлики? J

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma