Dark Side Of The Moon најдобар омот на сите времиња

16 мај, 20110
tamna-strana-meseca-498

Омотот за Dark Side Of The Moon албумот на групата “Pink Floyd” е избран за најдобар на сите времиња, објавено е на шоу бизнис сајтот Digital spy. Англискиот рок бенд, ги надмина и Битлси, Нирвана, со својата корица за албумот од 1973 година. На омотот е црна позадина со дводимензионален цртеж од зрак бела светлина, што е прекршена од многубојна призма. Pink Floyd меѓу првите десет има уште еден албум “Animals” од 1977 година, на десеттото место.

На второто место се наоѓа албумот на Нирвана, “Nevermind”, на трето се најде на Битлси, “Sgt Pepper’s Lonely Hearts Blub Band”. Потоа следуваат на четвртото групата Клеш со “London Calling”, и истоимениот албум на “Rage Against The Machine” на петто место. Шестото место е групата Ајрон Мејден и албумот “The Number Of The Beast”, седми Битлси со “The White Album”. На осмо место е Joy Division со албумот “Unknown Pleasures”, а деветтото место “King Krimson” со албумот “In The Court Of The Crimson King”. Анкетата за најдобар омот на албум на сите времиња била спроведена од музичкиот сајт Music radar.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit